„Како дел од заложбата за унапредување на инклузивноста во образованието, во во средното училиште „Кочо Рацин“ е поставена и нова сензорна соба, посебно дизајнирана за средношколците со попреченост, која претставува мирно и безбедно катче, приспособено на специфичните потреби на учениците, со цел подобрување на нивното секојдневно функционирање во училишната средина“, соопштија од Град Скопје.
Сензорната соба е дел од проектот на Градот за опремување на сите 23 средни училишта во градот со сензорни соби.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
