Владата на општина Гази Баба и одобрила финанс
ирање на 16 нови капитални проекти, информираше градоначалникот Бобан Стефковски.
Како што стои во неговата објава, тој веќе оддржал состаноци со секторите од општинската администрација за подготовка на ребалансот на буџетот, кој како што вели, веднаш потоа ќе се распишат постапките за почеток на градежни активности на терен.
Меѓу проектите што ќе се градат во следниот период, Стефковски ги најави: нова детска градинка помеѓу Маџари и Керамидница, нова спортска сала во училиштето Григор Прличев во Железара; атмосферски и фекални канализации во повеќе населени места, како и реконструкција на повеќе улици низ Општината.МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
