Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Спорт»Вардар ослабен го пречекува Нант, Чупиќ најавува борба за првите бодови
    Спорт

    Вардар ослабен го пречекува Нант, Чупиќ најавува борба за првите бодови

    15/09/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Македонскиот ракометен шампион Вардар утревечер од 18:45 часот во СЦ „Јане Сандански“ ќе го пречека францускиот Нант во натпревар од 2. коло во Лигата на шампионите.

    По поразот на гостувањето кај германскиот Мелсунген во воведното коло, „црвено-црните“ ќе се обидат пред своите навивачи да стигнат до првите бодови во новата сезона од елитното европско натпреварување.

    Сепак, Вардар ќе настапи ослабен, бидејќи сигурно ќе недостигаат Милан Лазаревски и Милан Бомаштар, додека настапот на Жоао Педро ќе зависи од неговата состојба по последниот тренинг.

    Тренерот Иван Чупиќ истакна дека Нант е исклучително квалитетен противник, но нагласи дека неговиот тим има јасна цел – да ја искористи поддршката од домашната публика и да дојде до победа.

    „За Нант можам да кажам само пофални зборови – и за тренерот и за играчкиот кадар. Сепак, нашата желба е да ги освоиме двата бода и да ја забележиме првата победа сезонава во Лигата на шампионите. Сакаме повторно да ја почувствуваме енергијата од трибините и веруваме дека тоа може да биде нашата предност. Победа би ни донела дополнителна самодоверба пред следните натпревари“, изјави Чупиќ.

    Тој потврди дека Лазаревски поради повреда на рамото продолжува со индивидуална работа и нема да биде во составот, додека Бомаштар повторно почувствувал болки во грбот и исто така ќе го пропушти натпреварот.

    „Педро е во завршната фаза од рехабилитацијата. По последниот тренинг ќе донесеме конечна одлука. Ако процениме дека не е целосно подготвен, нема да ризикуваме. Сакаме да биде целосно здрав за продолжението од сезоната“, додаде стратегот на Вардар.

    Словенечкиот репрезентативец Јака Малус истакна дека настапите во дресот на Вардар во „Јане Сандански“ претставуваат посебен мотив.

    „Секој натпревар за Вардар е голема мотивација, а европските мечеви се нешто посебно. Имав можност да играм во оваа сала кога Вардар беше на врвот на Европа, а сега чест ми е што сум дел од овој клуб. Едвај чекам да излеземе на терен и да се бориме за победа пред нашите навивачи“, изјави Малус.

    Поврзани вести:

    Историски успех за Македонија: Ева Митевска осма во финалето на 100 метри во Дакар

    Историски успех за Македонија: Ева Митевска осма во финалето на 100 метри во Дакар

    Луда драма на „Олд Трафорд“: Јунајтед се врати од 0-2 и 2-4 за бод против Вила

    Луда драма на „Олд Трафорд“: Јунајтед се врати од 0-2 и 2-4 за бод против Вила

    РФМ ќе поднесе приговор до ЕХФ поради ознаката за Македонија на мечот со Грција

    РФМ ќе поднесе приговор до ЕХФ поради ознаката за Македонија на мечот со Грција

    Ландо Норис до пол-позиција во драматични дождливи квалификации во Бразил

    Ландо Норис до пол-позиција во драматични дождливи квалификации во Бразил

    Вардар славеше во Кратово, Струга се искачи на врвот на табелата

    Вардар славеше во Кратово, Струга се искачи на врвот на табелата

    Бруно Фернандеш до Роналдо: Чест беше да играм со мојот идол од детството

    Бруно Фернандеш до Роналдо: Чест беше да играм со мојот идол од детството

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    вардар лш нант
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Историски успех за Македонија: Ева Митевска осма во финалето на 100 метри во Дакар

    10/11/2026

    Луда драма на „Олд Трафорд“: Јунајтед се врати од 0-2 и 2-4 за бод против Вила

    08/11/2026

    РФМ ќе поднесе приговор до ЕХФ поради ознаката за Македонија на мечот со Грција

    08/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.