Македонската атлетичарка Ева Митевска оствари историски пласман на Младинските олимписки игри во Дакар, Сенегал, откако се пласираше во финалето на трката на 100 метри во конкуренција до 18 години и го освои осмото место.
Митевска во полуфиналната трка забележа време од 12,58 секунди, со што го освои четвртото место и обезбеди место меѓу деветте најдобри атлетичарки на натпреварувањето.
Во финалето македонската репрезентативка постигна уште подобар резултат, истрчувајќи ја патеката за 12,28 секунди и завршувајќи на осмата позиција. Резултатот беше остварен со ветер од +2,4 метри во секунда, што е над дозволената граница за официјално признавање на рекорди, но сепак претставува исклучително достигнување во силна меѓународна конкуренција.
Со неполни 18 години, Митевска потврди дека е меѓу најголемите атлетски таленти во Македонија и дека има потенцијал за значајни резултати на меѓународната сцена.
Атлетската федерација на Македонија го оцени настапот како голем успех за македонската атлетика и упати честитки до Ева Митевска и нејзиниот тренер за одличното претставување на земјата на Младинските олимписки игри во Дакар.
