Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Економија»Усвоен буџетот за 2026: Развоен според власта, нереален според опозицијата
    Економија

    Усвоен буџетот за 2026: Развоен според власта, нереален според опозицијата

    10/12/20251 Min Прочитај
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Пратениците на вториот ден од расправата го изгласаа буџетот за 2026 година, тежок 6,7 милијарди евра. Вкупно гласаа 85 пратеници, од кои 71 гласаа „за“, а 14 „против“.

    Расправата во Собранието помина во знакот на жестоки меѓусебни обвинувања меѓу власта и опозицијата. Опозицијата оцени дека буџетот не е ниту развоен ниту социјален, дека има предизборен карактер и дека нема допирни точки со реалната состојба во економијата. Од владејачкото мнозинство, пак, тврдат дека станува збор за европски и развоен буџет, кој ќе донесе силен инвестициски циклус и подобрување на животниот стандард.

    „Сега имаме фискална дисциплина, наместо распаднати јавни финансии. Овој буџет е консолидиран, а не напумпан. Воведуваме е-фактура, дигитализација на УЈП и Царината, минимален глобален данок и системски реформи. СДСМ остави хаос, неплатени обврски и буџетски дупки“, изјави пратеникот Јован Јаулески од ВМРО-ДПМНЕ.

    Од опозицијата остро возврати пратеникот Благој Митрески од СДСМ, кој оцени дека владата и опозицијата живеат во „различни димензии“. Според него, владините проекции не се засновани на реални бројки и не ја отсликуваат вистинската состојба на економијата.

    „Ова ниво и структура на инвестиции е навреда за самиот збор капитални“, додаде Митрески, оценувајќи дека планираните капитални инвестиции се недоволни и нереални.

    Поврзани вести:

    РКЕ денес одлучува за новите цени на бензинот и дизелот

    РКЕ денес одлучува за новите цени на бензинот и дизелот

    УЈП почна проверки на приливите од странство за 2021 година

    УЈП почна проверки на приливите од странство за 2021 година

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    МЕПСО бара зголемување на тарифата за пренос на струја за речиси 98 проценти

    МЕПСО бара зголемување на тарифата за пренос на струја за речиси 98 проценти

    УЈП: Најмладиот милионер во Македонија има 4 години, најстариот 97

    УЈП: Најмладиот милионер во Македонија има 4 години, најстариот 97

    Македонија изложена на влијанијата од глобалните цени на храната и енергенсите

    Македонија изложена на влијанијата од глобалните цени на храната и енергенсите

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    РКЕ денес одлучува за новите цени на бензинот и дизелот

    26/10/2026

    УЈП почна проверки на приливите од странство за 2021 година

    24/10/2026

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    22/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.