Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Економија»Уништени над 40 тона јајца од Србија, АХВ ги прогласила за небезбедни за исхрана
    Економија

    Уништени над 40 тона јајца од Србија, АХВ ги прогласила за небезбедни за исхрана

    29/03/20261 Min Прочитај
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Над 40 тони необележени јајца од Србија се уништени на депонијата Дрисла, откако инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство, во координација со Царинската управа, спречија обид за нивен нелегален увоз во земјава.

    Акцијата била спроведена на граничниот премин Табановце, каде по детална контрола биле откриени вкупно 572.400 свежи јајца, скриени зад првите палети со уредно декларирана стока. Во едната пратка биле пронајдени 270 илјади, а во другата 302.400 необележани јајца.
    Според АХВ, постоеле индиции дека овие производи требало дополнително да се обележат и лажно да се пласираат како домашно производство, со што би се загрозиле и потрошувачите и конкурентноста на македонските производители.
    „Благодарение на брзата, стручна и одлучна реакција, спречена е сериозна измама и потенцијален ризик за потрошувачите“, информираат од АХВ.

    Вкупната количина од повеќе од 40 тони јајца е прогласена за небезбедна и е уништена.
    Од АХВ најавуваат дека за вклучените субјекти ќе бидат изречени соодветни мерки, како и дополнителни проверки на нивното досегашно работење.
    Институцијата потенцира дека останува посветена на засилени контроли и бескомпромисна борба против измамите со храна, со цел заштита на граѓаните и домашното производство.

    Поврзани вести:

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    МЕПСО бара зголемување на тарифата за пренос на струја за речиси 98 проценти

    МЕПСО бара зголемување на тарифата за пренос на струја за речиси 98 проценти

    УЈП: Најмладиот милионер во Македонија има 4 години, најстариот 97

    УЈП: Најмладиот милионер во Македонија има 4 години, најстариот 97

    Македонија изложена на влијанијата од глобалните цени на храната и енергенсите

    Македонија изложена на влијанијата од глобалните цени на храната и енергенсите

    Владата и Окта постигнаа договор: Дизелот поевтинува за два денари во испораките до трговците

    Владата и Окта постигнаа договор: Дизелот поевтинува за два денари во испораките до трговците

    Синдикалната минимална кошница за октомври достигна 70.358 денари

    Синдикалната минимална кошница за октомври достигна 70.358 денари

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    40 тона јајца небезбедни србија уништени
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Изборна тишина во Србија, 18 листи во трка за 250 пратенички места

    23/10/2026

    Околу 150.000 луѓе на студентскиот митинг во Белград пред изборите

    23/10/2026

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    22/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.