Триесет уметнички дела беа донирани на Клиниката за гастроентерохепатологија во Скопје, со цел да се подобри амбиентот за пациентите и медицинскиот персонал. Делата беа предадени на свеченост во амфитеатарот на Интерните клиники во рамки на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.
Во акцијата учествуваа повеќе реномирани и млади уметници, кои преку својата креативност придонесоа за похуман и поинспиративен болнички простор.
Организаторот Сабри Азири истакна дека ваквите иницијативи имаат големо значење за поттикнување на солидарноста и заедништвото во општеството.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
