Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Економија»УЈП: Нема компромис со незаконито постапување, постапките се во тек
    Економија

    УЈП: Нема компромис со незаконито постапување, постапките се во тек

    17/01/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Управа за јавни приходи соопшти дека е во постојана и целосна соработка со надлежните институции во сите случаи каде што постои сомневање за незаконито постапување во даночната сфера. Во врска со актуелниот случај кој опфаќа 11 вработени, од УЈП информираат дека до обвинителството е доставена целокупната потребна документација, материјали и стручни појаснувања поврзани со даночната регулатива и применетите постапки.

    Од Управата нагласуваат дека стручните наоди и констатации од извршените контроли претставуваат основа за натамошно постапување на другите надлежни органи.

    УЈП потенцира дека нема толеранција за незаконито постапување, злоупотреби или корупција, оценувајќи дека ваквите појави се спротивни на професионалните и етичките стандарди на институцијата. Воедно, се нагласува дека во текот на постапките мора доследно да се почитува принципот на презумција на невиност.

    Додека траат институционалните и правните постапки, од УЈП посочуваат дека се преземени навремени мерки за непречено функционирање на институцијата и стабилност на работните процеси во засегнатата организациона единица. Целта, како што наведуваат, е зачувување на континуитетот во работењето, заштита на јавниот интерес и институционалниот интегритет.

    Од Управата за јавни приходи додаваат дека остануваат целосно посветени на владеењето на правото, отчетноста и професионалното постапување, како и на соработката со сите надлежни органи за утврдување одговорност таму каде што таа постои, без нарушување на угледот и довербата во институцијата и нејзините вработени.

    Поврзани вести:

    РКЕ денес одлучува за новите цени на бензинот и дизелот

    РКЕ денес одлучува за новите цени на бензинот и дизелот

    УЈП почна проверки на приливите од странство за 2021 година

    УЈП почна проверки на приливите од странство за 2021 година

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    МЕПСО бара зголемување на тарифата за пренос на струја за речиси 98 проценти

    МЕПСО бара зголемување на тарифата за пренос на струја за речиси 98 проценти

    УЈП: Најмладиот милионер во Македонија има 4 години, најстариот 97

    УЈП: Најмладиот милионер во Македонија има 4 години, најстариот 97

    Македонија изложена на влијанијата од глобалните цени на храната и енергенсите

    Македонија изложена на влијанијата од глобалните цени на храната и енергенсите

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    РКЕ денес одлучува за новите цени на бензинот и дизелот

    26/10/2026

    УЈП почна проверки на приливите од странство за 2021 година

    24/10/2026

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    22/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.