Страшна трагедија го погоди италијанскиот град Катанцаро синоќа, кога 46-годишна жена се фрли од третиот кат на зграда со своите три деца.
Мајката почина на лице место, како и нејзините две деца, на возраст од четири години и четири месеци. Третото дете, девојче на возраст од пет и пол години, е хоспитализирано во критична состојба на одделот за интензивна нега.
Таткото бил присутен во станот во време на трагедијата, а жената претходно покажувала знаци на психолошки проблеми, потврди јавното обвинителство.

