Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Свет»Пентагон откри: Војната со Иран досега ги чинела САД 48,3 милијарди долари
    Свет

    Пентагон откри: Војната со Иран досега ги чинела САД 48,3 милијарди долари

    20/11/20263 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Војната со Иран досега ги чинела Соединетите Американски Држави најмалку 48,3 милијарди долари, покажуваат најновите податоци презентирани во американскиот Сенат. Сепак, законодавците предупредуваат дека вистинската цена на конфликтот би можела да биде значително повисока, бидејќи во официјалната сума не се вклучени штетите што иранските напади ги предизвикале врз американските воени бази на Блискиот Исток.

    Податоците пред Комисијата за вооружените сили на Сенатот ги презентираше Артур Милер, претставник на Пентагон задолжен за буџетските прашања, во рамки на расправата за неговото именување за финансиски контролор на американската Воена морнарица.

    Според Милер, проценетите 48,3 милијарди долари ги опфаќаат трошоците за воените операции, замената на уништената или оштетената опрема, како и набавката на нова муниција и вооружување искористени во текот на конфликтот.

    Меѓутоа, кога демократскиот сенатор Ричард Блументал побара проценка за материјалната штета што Иран ја предизвикал врз американските воени објекти, Милер одговорил дека Пентагон во моментов нема подготвено такви бројки.

    Тоа предизвика реакција и од претседателот на Комисијата за вооружени сили, републиканскиот сенатор Роџер Викер, кој побара од Пентагон во најкус можен рок да достави дополнителни информации за реалните финансиски последици од иранските напади.

    Според проценките на светските агенции, во нападите биле погодени хангари за воени авиони, системи за рано предупредување од ракетни напади, магацини за оружје, сместувачки капацитети за американскиот воен персонал, како и други стратешки објекти во американските бази на Блискиот Исток. Штетата на дел од воената опрема се проценува на повеќе милијарди долари.

    Финансиската цена на војната стана едно од најконтроверзните прашања во американскиот Конгрес, особено во период кога администрацијата на претседателот Доналд Трамп бара од законодавците да одобрат рекорден одбранбен буџет од 1,5 трилиони долари.

    Дополнителен притисок создава и фактот што војната станува сè понепопуларна кај американската јавност, а нејзините економски последици веќе се чувствуваат врз федералниот буџет. Аналитичарите оценуваат дека токму трошоците за конфликтот придонеле и за изборните загуби на републиканците на последните меѓуизбори.

    Се очекува расправите околу финансирањето на војната дополнително да се интензивираат откако демократите во јануари ќе ја преземат контролата врз Конгресот, при што едно од нивните главни барања ќе биде целосна транспарентност за вистинската цена на конфликтот.

    Во меѓувреме, демократската сенаторка Елизабет Ворен изјави дека американската поморска блокада на иранскиот поморски сообраќај чини околу 32,5 милиони долари дневно. Таа, повикувајќи се на независни анализи и медиумски извештаи, наведе и дека само штетата од иранскиот напад врз регионалниот штаб на американската Воена морнарица во Бахреин се проценува на најмалку 400 милиони долари.

    Додека Пентагон ги сумира трошоците од конфликтот, во Конгресот расте притисокот американската јавност да добие целосна слика за финансиските последици од војната, вклучувајќи ги и директните штети врз американските воени капацитети.

    Поврзани вести:

    Трамп не брза со напад врз Иран: Одлуката ќе падне по Нова година

    Трамп не брза со напад врз Иран: Одлуката ќе падне по Нова година

    Трагедија во Солун: 21-годишник почина по пад од Белата кула

    Трагедија во Солун: 21-годишник почина по пад од Белата кула

    Заврши историската средба Трамп–Путин–Си, разговорите траеле подолго од планираното

    Заврши историската средба Трамп–Путин–Си, разговорите траеле подолго од планираното

    Стотици мажи протестираа во Швајцарија: Не смееме да молчиме за насилството врз жените

    Стотици мажи протестираа во Швајцарија: Не смееме да молчиме за насилството врз жените

    Макрон по 10 години во политиката: Дадов сè од себе за Франција, но имаше и грешки

    Макрон по 10 години во политиката: Дадов сè од себе за Франција, но имаше и грешки

    Вајц: Македонија може да биде лидер во преговорите со ЕУ ако се надминат блокадите

    Вајц: Македонија може да биде лидер во преговорите со ЕУ ако се надминат блокадите

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Трамп не брза со напад врз Иран: Одлуката ќе падне по Нова година

    19/11/2026

    Трагедија во Солун: 21-годишник почина по пад од Белата кула

    19/11/2026

    Заврши историската средба Трамп–Путин–Си, разговорите траеле подолго од планираното

    19/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.