Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Хроника»Трагедија кај Струмица: Загина возач, пијан 19-годишник приведен по несреќата
    Хроника

    Трагедија кај Струмица: Загина возач, пијан 19-годишник приведен по несреќата

    25/10/20261 Min Прочитај
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Тешка сообраќајна несреќа се случи ноќеска на магистралниот пат Струмица – Радовиш, во близина на селото Радичево, при што животот го загуби 58-годишен возач од струмичко, а едно лице е повредено. Според Министерството за внатрешни работи, за несреќата е приведен 19-годишен возач кај кого било утврдено присуство на алкохол.

    Несреќата била пријавена на 25 октомври околу 02:00 часот. Во судирот учествувале патничко возило „пежо“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од Н.В. (19) од селото Злеово, радовишко, и патничко возило „мицубиши“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Р.С. (58) од селото Добрејци, струмичко.

    Од здобиените повреди, 58-годишниот возач починал на местото на несреќата, а лекар од Итната медицинска помош ја констатирал смртта. Во несреќата телесни повреди добил и сопатникот во „мицубиши“, Д.А. (36) од селото Дабиле.

    Увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа на СВР Струмица. При извршените проверки било утврдено дека 19-годишниот возач бил под дејство на алкохол, при што му биле измерени 1,32 промили алкохол во крвта. Тој е лишен од слобода.

    По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција, а надлежните институции продолжуваат со истрагата за целосно утврдување на околностите под кои се случила трагичната сообраќајна несреќа.

    Поврзани вести:

    15-годишник застрелан во стомак во Боговиње, малолетник случајно испукал куршум од пиштол

    15-годишник застрелан во стомак во Боговиње, малолетник случајно испукал куршум од пиштол

    Жена тешко повредена при земјоделски работи во прилепско

    Жена тешко повредена при земјоделски работи во прилепско

    Полицијата истражува како завршиле пакувања со бела материја во штипскиот затвор

    Полицијата истражува како завршиле пакувања со бела материја во штипскиот затвор

    Пожар уништи семејна куќа во Општина Зелениково

    Пожар уништи семејна куќа во Општина Зелениково

    Лажно се претставил како вработен во Катастар и измамил скопјанка за 117.000 денари

    Лажно се претставил како вработен во Катастар и измамил скопјанка за 117.000 денари

    Жена тешко повредена во судир на патот Битола – Ресен

    Жена тешко повредена во судир на патот Битола – Ресен

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    загина полиција сообраќајна несреќа
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    15-годишник застрелан во стомак во Боговиње, малолетник случајно испукал куршум од пиштол

    25/10/2026

    Жена тешко повредена при земјоделски работи во прилепско

    25/10/2026

    (Видео) Ескалираа студентските протести во Албанија, полицијата интервенираше со водени топови

    24/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.