Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Некатегоризирано»Тошковски: Ја намаливме стапката на криминалот, тоа се должи на професионалноста и неселективноста
    Некатегоризирано

    Тошковски: Ја намаливме стапката на криминалот, тоа се должи на професионалноста и неселективноста

    16/06/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Панче Тошковски, министер за внатрешни работи, во своето гостување во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ зборува“ зборуваше колку Македонија е безбедна држава и потенцираше дека македонските граѓани прават разлика од тоа како било претходно, а како е сега и тоа се должни на многуте акции кои беа спроведени од страна на Министерството за внатрешни работи.

    -Мислам дека македонските граѓани прават разлика помеѓу она што го начекавме, она што го оставија овие пред нас и она кое што ние го работиме сега. Сметам дека сите оние акции кои што ги спроведовме како од аспект на борба против организиран криминал и особено висока корупција и злоупотреба на државни институции во минатото, сите оние акции кои што ги спроведовме во делот на уличниот криминал, потоа на борбата против трговија со дрога, трговија со луѓе, бандите кои што ги разбивме, му даваат една надеж на македонскиот народ дека можело и поинаку. Гледаат дека со посветеност, со макотрпна работа, со професионален пристап можело и поинаку и да се дадат резултати, рече Тошковски.

    Тошковски во текот на своето гостување објасни како успеале да ја намалат стапката на криминалот на државата. Имено тоа е резултат на неселективноста во примената за законските прописи и во професионалноста.

    -Едноставен е одговорот. Кога ќе сте неселективни во примената на законски прописи и кога ќе се трудите да професионално си ја сработите работата, без разлика за кого се однесува конкретното, дали ќе е прекршок, дали ќе е кривично дело и така натаму, мислам дека во различни сегменти покажавме дека можело поинаку. Мислам дека разлика е јасна, видлива и се надевам дека ќе имаме капацитети и сила да продолжиме и понатаму да чекориме со исто темпо, објасни министерот.

    Тошковски говореше и за проектот „Сејф Сити“ и посочи дека со овој проект за многу краток период ќе се смени односно на македонските граѓани во делот на почитување на сообраќајните правила.

    -Јас искрено многу верувам во овој проект „Сејф Сити“. Кога ќе го имплементираме „Сејф Сити” како решение, јас сум убеден дека за многу краток временски период ќе го смениме менталитетот и односот на нашите граѓани во делот на почитување на сообраќајни правила. Со имплементација на овој систем нема да има опција за избегнување на казна, вели тој.

    Поврзани вести:

    СЗО предупредува: Пушењето негативно влијае врз плодноста и кај мажите и кај жените

    СЗО предупредува: Пушењето негативно влијае врз плодноста и кај мажите и кај жените

    Гаши со катарскиот министер за труд за нови можности за соработка меѓу двете држави

    Гаши со катарскиот министер за труд за нови можности за соработка меѓу двете држави

    Љупче Дориев не запира: Гол, асистенција и ново големо признание

    Љупче Дориев не запира: Гол, асистенција и ново големо признание

    Марта Кос ја откажа посетата на Србија поради величењето на Ратко Младиќ

    Марта Кос ја откажа посетата на Србија поради величењето на Ратко Младиќ

    Карпош ќе доделува стипендии за талентирани млади спортисти

    Карпош ќе доделува стипендии за талентирани млади спортисти

    Советот на Град Скопје го усвои ребалансот на буџетот, повеќе средства за капитални проекти и поддршка на граѓаните

    Советот на Град Скопје го усвои ребалансот на буџетот, повеќе средства за капитални проекти и поддршка на граѓаните

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    СЗО предупредува: Пушењето негативно влијае врз плодноста и кај мажите и кај жените

    08/09/2026

    Гаши со катарскиот министер за труд за нови можности за соработка меѓу двете држави

    07/09/2026

    Љупче Дориев не запира: Гол, асистенција и ново големо признание

    06/09/2026


    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.