76-годишна жена од Струга се здобила со тешки телесни повреди откако била удрена од товарно возило на улицата „Димитар Влахов“ во Струга.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата се случила на 16 септември околу 11:20 часот, кога товарно возило „фиат добло“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 30-годишниот А.С. од Струга, удрило во пешачката В.П.
Повредената жена веднаш била пренесена во Медицинскиот центар во Струга, каде што ѝ биле констатирани тешки телесни повреди.
На местото на несреќата бил извршен увид од увидна екипа на Одделението за внатрешни работи Струга, а надлежните продолжуваат со утврдување на околностите под кои се случила сообраќајката.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
