Македонска филхармонија овој четврток во Скопје ќе одржи концерт насловен „Јинг-Јанг”, на кој како солисти ќе настапат виолинистот Теди Папаврами и пијанистката Маки Окада, под диригентство на Олси Кинами.
На програма е увертира од операта „Крадливата страчка” од Росини, Концертот за виолина бр.1 од Паганини и Концертот за пијано бр.1 од Шопен. Насловот на концертот е симболичен и ги спојува различните музички и културни естетики на солистите. Организаторите најавуваат вечер на врвна класична музика со интернационални уметници.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
