Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Скопје»Стефковски им додели признанија на првенците на генерација во Гази Баба
    Скопје

    Стефковски им додели признанија на првенците на генерација во Гази Баба

    10/06/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, денеска со особена чест и задоволство им ги додели признанијата и паричните награди на првенците на генерација од општинските основни училишта на територијата на општината.

    Тој во објава на Фејсбук истакна дека станува збор за млади луѓе кои со својот труд, посветеност, дисциплина и љубов кон знаењето покажале дека успехот не доаѓа случајно, туку е резултат на континуирана работа и истрајност.

    „Токму затоа, нивните постигнувања заслужуваат да бидат препознаени и вреднувани. Особено сум горд на нашите првенци Никола, Теона, Петра, Јасмин, Калина, Деа, Стефан, Ева, Ана, Милијана и Ева, кои денес се пример за своите врсници и вистински амбасадори на знаењето, образованието и младинскиот потенцијал во нашата општина“, наведе Стефковски.

    Тој додаде дека нивниот успех е резултат не само на нивната посветеност, туку и на поддршката од родителите, наставниците и училиштата, упатувајќи честитки до сите кои учествувале во нивниот пат до овој успех.

    Како градоначалник, Стефковски истакна дека верува оти инвестирањето во младите е најдобрата инвестиција за иднината на Гази Баба, додавајќи дека општината ќе продолжи да ги поддржува учениците со врвни резултати.

    „Драги ученици, пред вас се нови предизвици, можности и успеси. Посакувам секогаш да останете посветени на своите цели, да верувате во себе и храбро да чекорите по патот на знаењето. Честитки за заслуженото признание! Вие сте гордост на вашите семејства, училиштата и целата општина Гази Баба“, порача градоначалникот.

    Поврзани вести:

    Општина Кисела Вода ја зајакнува соработката со унгарската општина Игал

    Општина Кисела Вода ја зајакнува соработката со унгарската општина Игал

    Крводарителска акција во Општина Карпош во четврток

    Крводарителска акција во Општина Карпош во четврток

    Финансиската помош за пензионерите во Центар зголемена од 2.500 на 5.000 денари

    Финансиската помош за пензионерите во Центар зголемена од 2.500 на 5.000 денари

    Водата во Скопје е исправна и безбедна за пиење

    Водата во Скопје е исправна и безбедна за пиење

    Целосна реконструкција на улиците „Бутелска“ и „Радишанска“ со изградба на нова атмосферска канализација

    Целосна реконструкција на улиците „Бутелска“ и „Радишанска“ со изградба на нова атмосферска канализација

    Ѓорче Петров ќе ги користи искуствата на Кисела Вода за превенција од детско престапништво

    Ѓорче Петров ќе ги користи искуствата на Кисела Вода за превенција од детско престапништво

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Општина Кисела Вода ја зајакнува соработката со унгарската општина Игал

    26/10/2026

    Крводарителска акција во Општина Карпош во четврток

    26/10/2026

    Финансиската помош за пензионерите во Центар зголемена од 2.500 на 5.000 денари

    26/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.