Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Утринските температури ќе се движат од 8 до 16 степени, а дневните ќе достигнат од 26 до 32 степена.
Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност, со минимална температура од 13 и максимална до 31 степен.
Претежно стабилното време ќе се задржи и во сабота, додека во недела и понеделник се очекуваат повремени врнежи, пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Од вторник се очекува продор на постуден воздух од север, што ќе донесе пад на дневните температури.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
