Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи од минус 1 до 7 степени, додека максималната дневна температура ќе достигне од 8 до 18 степени.
Во Скопје се очекува променливо облачно време со сончеви периоди и слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 4 степени, а во текот на денот ќе достигне до 15 степени.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
