Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»ЕУ ни даде „добар напредок“ за дигитализацијата, истакна Андоновски
    Република

    ЕУ ни даде „добар напредок“ за дигитализацијата, истакна Андоновски

    07/11/20261 Min Прочитај
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Европската комисија констатира „добар напредок“ во областа на дигиталната трансформација и медиумите во Северна Македонија, при што во Извештајот за напредокот за 2026 година е зголемено и нивото на подготвеност на земјата во оваа област.

    Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски информира дека оценката во Поглавјето 10 претставува значително подобрување во споредба со претходните години.

    Според него, во периодот од 2021 до 2024 година Европската комисија оценувала дека земјата бележи ограничен напредок, во 2025 година бил забележан одреден напредок, додека најновиот извештај нотира „добар напредок“.

    Андоновски посочува дека позитивната оценка се должи на повеќе реализирани активности, меѓу кои зголемениот број електронски услуги, двојното зголемување на нивното користење од страна на граѓаните, подобрената размена на податоци меѓу институциите и унапредувањето на системите за кибербезбедност.

    Како значаен чекор ги издвојува и усвоените закони и стратегии кои, како што наведува, се усогласени со европските стандарди.

    „Целта на дигиталната трансформација е придобивките да ги почувствуваат граѓаните и компаниите во секојдневното функционирање – со помалку чекање, помалку документација и побрзо добивање услуги“, посочува Андоновски.

    Министерот оценува дека позитивната оценка од Европската комисија претставува признание за досегашната работа, но и дополнителна обврска за продолжување на реформите во процесот на дигитализација на државата.

    Поврзани вести:

    Променливо облачно време со сончеви периоди, утрински температури до минус 1 степен

    Променливо облачно време со сончеви периоди, утрински температури до минус 1 степен

    Професионалните војници денес на протест пред Владата, бараат повисоки плати и трајно решавање на статусот

    Професионалните војници денес на протест пред Владата, бараат повисоки плати и трајно решавање на статусот

    Нови закани за бомби во Европа: Авиони на „Рајанер“ и „Визер“ принудно реагираа

    Нови закани за бомби во Европа: Авиони на „Рајанер“ и „Визер“ принудно реагираа

    Муцунски: Дијалогот со Бугарија се води со поддршка од европските партнери и принципиелни позиции

    Муцунски: Дијалогот со Бугарија се води со поддршка од европските партнери и принципиелни позиции

    Променливо облачно време со сончеви периоди и температури до 18 степени

    Променливо облачно време со сончеви периоди и температури до 18 степени

    Муцунски со американската амбасада: Продлабочување на стратешкото партнерство со САД

    Муцунски со американската амбасада: Продлабочување на стратешкото партнерство со САД

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Променливо облачно време со сончеви периоди, утрински температури до минус 1 степен

    07/11/2026

    Професионалните војници денес на протест пред Владата, бараат повисоки плати и трајно решавање на статусот

    07/11/2026

    Нови закани за бомби во Европа: Авиони на „Рајанер“ и „Визер“ принудно реагираа

    06/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.