Од вечерва стартува зимското издание на Мрежата на фестивали на Јадранскиот Регион, со проекцијата на филмот игра „Мајка Мара” во киното „Синеплекс” во Скопје. Во филмот главната улога и режијата е на познатата српска актерка Мирјана Карановиќ. Во рамки на фестивлот ќе играат наградувани регионални филмови а ќе трае до 5 февруари.
На програмата се и „Ријека или смрт”, „Семејна терапија” од Соња Просенц, „По летото” на Данис Тановиќ, „Живи и здрави” од Иван Мариновиќ и „Планета 7693″ од Гојко Бекуљан.
Ова е четврто зимско издание на Фестивалската мрежа на Јадранскиот Регион.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
