Со доделувањето на наградите во Официјалната и СЕЕ селекција се затемнува платното на овогодинешниот CINEDAYS. По седум интензивни филмски денови публиката имаше можност да погледне повеќе од 50 филмови, но за наградите на фестивалот се натпреваруваат осум во официјална конкуренција и шест во СЕЕ селекцијата.
По завршувањето на церемонијата на доделување на награди вечерва на репертоар е филмот „Оче наш” на Горан Станковиќ, во кој македонски копродуценти се Огнен Антов и Стојан Вујичиќ.

