Скопје денеска одбележува и се поклонува на хероите кои пред точно 81 година го ослободија градот од фашистите во Втората Светска Војна. Подвигот на слободување кој траеше неколку дена исполнети со силни битки и улични борби со живот го платија 420 млади партизани кои беа полни со елан, храброст и решителност дека Македонија мора да биде слободна.
По ослободувањето тргна и засиленото градење и средување на Скопје. Сега осум децении од ослободувањето, се поставува прашањето: Дали Скопје добро се доизградува или е окупирано на некој друг начин?
Скопје, денес секојдневно гледа дека е окупиран од разни политички поделби и кавги, од корупција, од институционален хаос, од нечистотија, од загадување, од сообраќајен метеж, од небезбедни улици, од несовесни граѓани…
Скопјани и пред се надлежните локални власти сето ова треба да го премавнат за да може да се каже дека Скопје и сега е навистина слободно.
