Дваесетгодишен скопјанец бил повикан на службен разговор во Полициската станица Ѓорче Петров, откако неговата поранешна партнерка пријавила дека физички ја нападнал, ѝ се заканувал и ѝ одзел пари, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Според информациите од МВР, на 5 септември во 17:30 часот бил извршен службен разговор со М.А.С. (20) од Скопје.
Според пријавата, истиот ден околу 04:00 часот, тој влегол во домот на својата 19-годишна поранешна партнерка во населбата Ѓорче Петров, каде што физички ја нападнал, ѝ упатил закани и од нејзината чанта одзел пари.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по целосното документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
