Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Економија»Сите средни училишта во Скопје ќе добијат фотоволтаици
    Економија

    Сите средни училишта во Скопје ќе добијат фотоволтаици

    10/12/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Сите средни училишта во Скопје ќе бидат опфатени со проект за поставување фотоволтаични системи до крајот на мандатот на актуелниот градоначалник на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски, со што започнува процес на целосна енергетска трансформација на образовните установи.

    Ова беше посочено на денешната седница на Советот од страна на Ѓорѓиевски којшто оцени дека мерката ќе донесе значајни економски и еколошки придобивки, како и дека ќе придонесе кон модернизација на училиштата.

    Во своето обраќање пред советниците Ѓорѓиевски посочи дека реализацијата на овој проект ќе биде една од најзначајните инвестиции во јавните установи.

    Тој истакна дека се работи за исполнување на неговото ветување од неговата изборна кампања, а клучната придобивка, рече, е намалувањето на трошоците за електрична енергија.

    – Го потврдувам она што го ветив во мојата кампања, дека започнуваме со целосна енергетска трансформација на образовните институции. Секое средно училиште на територијата на градот ќе добие сопствен фотоволтаичен систем до крајот на мојот мандат. Ова е сериозна економска мерка која ќе значи над 30 отсто намалување на трошоците за електрична енергија, додека заштедите ќе овозможат подобро управување со јавните средства и поголема финансиска стабилност на институциите, посочи Ѓорѓиевски.

    Во делот на еколошките придобивки, тој посочи на значењето на обновливите извори и нагласи дека моделот веќе се применува на локално ниво, односно во сите основни училишта на територија на општина Кисела Вода. Според него, новите системи ќе ја трансформираат улогата на училиштата.

    – Токму овој модел успешно го воспоставивме во сите основни училишта во Кисела Вода, а сега го пренесуваме на ниво на цел град. Фотоволтаиците се најчистиот и најисплатлив извор на енергија. Тие обезбедуваат стабилност, намалување на зависноста од традиционални извори и одговорно управување со јавните средства. Со оваа инвестиција создадаваме современи училишта кои произведуваат чиста енергија и ги учат младите на вистинските вредности, на одржливост, иновација и грижа за средината, рече Ѓорѓиевски. .

    Поврзани вести:

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    МЕПСО бара зголемување на тарифата за пренос на струја за речиси 98 проценти

    МЕПСО бара зголемување на тарифата за пренос на струја за речиси 98 проценти

    УЈП: Најмладиот милионер во Македонија има 4 години, најстариот 97

    УЈП: Најмладиот милионер во Македонија има 4 години, најстариот 97

    Македонија изложена на влијанијата од глобалните цени на храната и енергенсите

    Македонија изложена на влијанијата од глобалните цени на храната и енергенсите

    Владата и Окта постигнаа договор: Дизелот поевтинува за два денари во испораките до трговците

    Владата и Окта постигнаа договор: Дизелот поевтинува за два денари во испораките до трговците

    Синдикалната минимална кошница за октомври достигна 70.358 денари

    Синдикалната минимална кошница за октомври достигна 70.358 денари

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Почнува судењето на судијата Ѓоко Ристов за парите пронајдени во куќата на неговите родители

    22/10/2026

    Судењето за пожарот во „Пулс“: Сведоци тврдат дека учествувале во евакуацијата

    22/10/2026

    Премиерот Христијан Мицкоски учествува на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора

    22/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.