На 3 април со почеток во 20.00 часот, на сцената на Националната опера и балет ќе биде изведена операта „Севилскиот бербер“ од Џоакино Росини – едно од најпознатите и најомилените дела од оперскиот репертоар, кое со својата духовитост, динамика и препознатливи музички моменти со децении ја воодушевува публиката.
Изведбата е под диригентската палка на Бисера Чадловска, режијата е на Урсула Хорнер од Австрија, сценографијата на Марија Ветероска, а костимографијата на Марија Пупучевска.
Во солистичката екипа настапуваат оперски пејачи во придружба на хорот и оркестарот на Националната опера и балет.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
