Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Економија»Сеопфатна законска реформа во делот на трудовото право се најавува во 2026 година
    Економија

    Сеопфатна законска реформа во делот на трудовото право се најавува во 2026 година

    18/12/20254 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Сет на закони од трудовото право како Законот за работни односи, Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност и Законот за мирно решавање на работните спорови ќе претрпат измени следнава година. Надлежните најавуваат година на сеопфатна законска реформа во делот на трудовото право со што ќе се подобри делот на заштита на работничките права.

    Заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески денеска откри дека во фокусот се повеќе закони. Најавува дека 2026 година ќе биде динамична година во областа на трудовото право.

    – Ќе бидат донесени повеќе нови закони, а одредени постојни закони ќе бидат прилагодени на европските директиви. Со тоа очекуваме значително унапредување на законската рамка во областа на трудовото право во Република Македонија, што директно ќе придонесе за подобрување на квалитетот на животот, особено во делот на заштитата на правата на работниците, изјави денеска Ристески пред почетокот на конферецијата посветена на достоинствената работа што се одржа на Правниот факултет во Скопје со поддршка на Центарот за клиничка едукација за трудово и социјално право.

    Професорот Лазар Јовевски кој е раководител на Катедрата по трудово и социјално право вели дека многу од овие закони веќе се научно анализирани и треба да се изменат, дополнат или да се донесат како нови законски решенија.

    – Станува збор за сет од повеќе закони кои треба да претрпат измени и дополнувања. Тука се Законот за работни односи, Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност, како и Законот за мирно решавање на работните спорови. Исто така, треба да се разгледа и насоката во која ќе се развиваат законските решенија поврзани со заштитата од психолошко и сексуално вознемирување на работното место. Станува збор за широка палета на законски акти. Верувам дека 2026 година ќе биде година на сеопфатна законска реформа и се надевам дека сите овие закони, како и други кои не ги спомнав, ќе бидат заокружени и донесени како нови или унапредени законски решенија, изјави Јовевски.

    Верува дека од денешната конференција ќе произлезат конкретни решенија за предизвиците со коишто во моментот се соочува државата.

    – Имаме над 100 илјади луѓе кои се во сивата економија коишто не се евидентирани. Значи на тоа треба да работиме. Треба да работиме во делот на засилување на социјалниот дијалог од аспект преку директно вклучување на социјалните партнери во однос на решавањето на одредени круцијални проблеми, прашања, поврзани со одредени паричните побарувања, платите, надоместоците на плата и другите работнички права, посочува Јовевски.

    Од Инспекторатот на труд велат дека за да се постигне поголема ефикасност клучно е да се зголемат капацитетите на Инспекторатот и да се зголемат глобите што се изрекуваат.

    – Во секоја држава во светот глобите се поголеми од нашата држава. Најголемата глоба што можеме ние да ја изречеме е 350, 600 и 1.000 евра, а тоа значи дека ако се плати во рок од осум дена, ќе се плати половина од износот, односно најмалата казна би била 170, 300 и 500 евра. Со минималните казни не можеме да се псравиме со рабтодавачите бидјеќи ако анализираме во детали од тоа колку претставки има, ке видиме дека над 50 проценти од работдавачите кои ги кршат правата на работниците, го повторуваат истотот. затоа казните треба да бидат построги односно на одговорните лица можеби требада да им се земе да не може да управуваат со фирмите во еден одреден период. Ако правиме калкулација колку работодавачи има само во Скопје, тогаш треба кај еден работодавач да одиме на контрола еднаш на пет години. Само ако работиме на преставки од работниците за кршење на нивните работнички права, не можеме да стигнеме само по претставките што значи дека треба да се зајакнат капацитетите на Инспекторатот, вели Љуљзим Фаризи од Инспекторатот за труд.

    Во моментот во Трудовиот инспекторат има околу 120 инспектори од кои околу 80 се во одделот за работни односи и 45 во одделот за здравје при работа.

    Поврзани вести:

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    МЕПСО бара зголемување на тарифата за пренос на струја за речиси 98 проценти

    МЕПСО бара зголемување на тарифата за пренос на струја за речиси 98 проценти

    УЈП: Најмладиот милионер во Македонија има 4 години, најстариот 97

    УЈП: Најмладиот милионер во Македонија има 4 години, најстариот 97

    Македонија изложена на влијанијата од глобалните цени на храната и енергенсите

    Македонија изложена на влијанијата од глобалните цени на храната и енергенсите

    Владата и Окта постигнаа договор: Дизелот поевтинува за два денари во испораките до трговците

    Владата и Окта постигнаа договор: Дизелот поевтинува за два денари во испораките до трговците

    Синдикалната минимална кошница за октомври достигна 70.358 денари

    Синдикалната минимална кошница за октомври достигна 70.358 денари

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Почнува судењето на судијата Ѓоко Ристов за парите пронајдени во куќата на неговите родители

    22/10/2026

    Судењето за пожарот во „Пулс“: Сведоци тврдат дека учествувале во евакуацијата

    22/10/2026

    Премиерот Христијан Мицкоски учествува на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора

    22/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.