Полициски службеници од СВР Скопје синоќа го лишиле од слобода 33-годишниот Б.С. од Скопје, откако при претрес во неговиот дом била пронајдена рачна бомба.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, приведувањето било извршено околу 19:35 часот на подрачјето на Гази Баба.
При претресот, кој бил спроведен врз основа на судска наредба, полицијата пронашла и одзела рачна бомба – кашикара.
Осомничениот бил задржан во полициска станица, а по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
