Две починати лица биле пронајдени во текот на 2 октомври на различни локации во Скопје, информира Министерството за внатрешни работи.
Првиот случај бил пријавен во 05:30 часот, кога на подрачјето на Скопје бил пронајден починат 70-годишниот Ј.Х. од Скопје. Лекар од Итната медицинска помош ја констатирал смртта, а по насоки на јавен обвинител телото било предадено на обдукција.
Вториот случај бил пријавен во 14:35 часот, кога на автобуска постојка во населбата Драчево бил пронајден починат 60-годишниот Г.С. од Скопје.
И во овој случај лекар од Итната медицинска помош ја констатирал смртта, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција.
Надлежните институции преземаат мерки за утврдување на причините за смртта во двата случаи.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
