75-годишен жител на тетовското село Милетино е лишен од слобода откако, поради нерасчистени имотно-правни односи околу пат, со остар предмет повредил свој сограѓанин.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 2 октомври околу 10:30 часот во Полициското одделение Жеровјане.
Како што наведуваат од МВР, М.К. (75) од Милетино со остар предмет му нанел повреда на Т.К. (66), исто така од селото.
Повредениот со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во Ургентниот центар во Тетово, каде му била укажана лекарска помош.
Полициски екипи извршиле увид на местото на настанот, при што биле обезбедени трагите од крв и остриот предмет со кој, според сомненијата, било извршено делото.
Осомничениот бил лишен од слобода и задржан во полициска станица, а по целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветна постапка.
