Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Некатегоризирано»Седумчлена делегација од Шведска што поминала низ слична трагедија доаѓа на помош во Кочани
    Некатегоризирано

    Седумчлена делегација од Шведска што поминала низ слична трагедија доаѓа на помош во Кочани

    14/06/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Следната недела, од понеделник до четврток, од 16 до 18 јуни 2025 година, тим од седум члена од Гетеборг, Шведска, ќе го посети Кочани за меѓусебни дискусии со локалната заедница. Како чин на солидарност по трагедијата во Кочани, шведскиот тим ќе го сподели своето искуство од пред 27 години – пожар во дискотека што се случи во 1998 година во Гетеборг, кога загинаа 63 млади лица. Гетеборг ќе им ги пренесе на Кочани своите научени лекции со цел заедно да се создадат модели на солидарност, отпорност и споделена надеж.

    Тимот од седум члена од Гетеборг го сочинуваат: социјалните работници Елеонор Артфорс и Хели Кунас, преживеаните Параш Лама и Розбе Асланијан, пожарникарите Бенгт Холм и Пер-Андерс Линдфелд и координаторот на Центарот за поддршка Ларс Лилед. Тие ќе понудат и лични и професионални искуства, со цел да дадат поддршка на заедницата во Кочани и регионот.

    Медиумите се поканети да го покријат официјалното започнување на посетата на 16 јуни 2025 година во 11:00 часот во Мулти-Култи центарот (MKC) во Кочани. Воведни обраќања ќе имаат амбасадорката на Шведска, Ами Ларсон Џеин, Венко Крстевски, вршител на должноста градоначалник на Кочани, тимот од Гетеборг и Центарот за психосоцијална и кризна акција – Малинска (ЦПКA).

    Амбасадорката на Шведска, Ами Ларсон Џеин, и тимот од Гетеборг ќе го предадат преводот на книгата насловена како „Како поставување сложувалка“. Книгата ја преиспитува трагедијата во Гетеборг преку реконструкција на настаните од пожарот во нивната дискотека. Книгата дава целосна слика за тоа што се случило, што во голема мера придонесе за процесот на заздравување на заедницата во Гетеборг.

    Дополнителни активности ќе се одржат на 17 и 18 јуни 2025 година, вклучувајќи споделување искуства, отворени и затворени сесии, размислувања, научени лекции и дискусии за идните чекори и соработка.

    Посетата на тимот од Гетеборг на Кочани е иницијатива на Тим Европа организирана од Амбасадата на Кралството Шведска, Делегацијата на Европската унија, Јуроп Хаус и Центарот за психосоцијална и кризна акција – Малинска од Скопјe, во соработка со Општина Кочани и граѓанската иницијатива „Поддржете го Кочани“. Мотото на посетата е да го направиме Кочани град на отпорност и солидарност.

    Поврзани вести:

    Ви пишува, па исчезнува? Експертите предупредуваат на феноменот „breadcrumbing“

    Ви пишува, па исчезнува? Експертите предупредуваат на феноменот „breadcrumbing“

    Тензии во Тирана: Продолжија судирите меѓу демонстрантите и полицијата, има приведени

    Тензии во Тирана: Продолжија судирите меѓу демонстрантите и полицијата, има приведени

    Ѓорѓиевски објави фотографија со Мицкоски: Работиме и за празник

    Ѓорѓиевски објави фотографија со Мицкоски: Работиме и за празник

    Паника во близина на Минхен: Забележана дива мачка, можно е да е пума

    Паника во близина на Минхен: Забележана дива мачка, можно е да е пума

    Безбедноста на граѓаните приоритет на Општина Гази Баба: Започна одбележувањето на пешачките премини

    Безбедноста на граѓаните приоритет на Општина Гази Баба: Започна одбележувањето на пешачките премини

    Град Скопје и општините им оддадоа признание на просветните работници

    Град Скопје и општините им оддадоа признание на просветните работници

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Ви пишува, па исчезнува? Експертите предупредуваат на феноменот „breadcrumbing“

    13/10/2026

    Тензии во Тирана: Продолжија судирите меѓу демонстрантите и полицијата, има приведени

    13/10/2026

    Ѓорѓиевски објави фотографија со Мицкоски: Работиме и за празник

    12/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.