Владата најавува дека државата нема да толерира случаи и афери кои со години биле чувани во фиока.
-Во моментов се водат над 50 предмети за висока корупција, кои претходно биле затскривани, одложувани или целосно игнорирани од институциите, истакна премиерот Христијан Мицкоски во обраќање на денешната конститутивна седница на Националниот совет за финансиски истраги и конфискација на имот.
Националниот совет се конституира како централен механизам во најавената засилена борба против криминалот и корупцијата.
– Оваа Влада ја започна борбата против криминалот и корупцијата не со декларации, туку со дела, истакна премиерот
Тој најави дека ова не е крај на процесот, туку почеток на отворање нови случаи и спроведување темелни истраги.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:







