Сообраќајот на граничниот премин Богородица – Евзони е целосно нормализиран од 21 часот, информира од Автомото сојузот на Македонија. Oвој премин денеска беше во целосна блокада речиси цел ден и за влез и за излез од земјава, поради штрајк на земјоделците во Грција.
Од раните утрински часови се создадоа големи колони, а возила со часови чекаа на граничниот премин Дојран, кој беше единствената слободна алтернатива за влез во државата. Иако таму сообраќајот се одвиваше непречено, од АМСМ информираа дека имало значителни доцнења поради зголемениот интензитет на возила.
Се очекува сообраќајот и во текот на ноќта да се одвива без поголеми проблемиа, а од АМСМ апелираат граѓаните да планираат патувања со внимателност и да ги следат информациите за можни нови застои.
