Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Политика»СДСМ уште еднаш побара од Обвинителство да отвори истрага за случајот со Дака, за да се истражи бизнис шемата на власта
    Политика

    СДСМ уште еднаш побара од Обвинителство да отвори истрага за случајот со Дака, за да се истражи бизнис шемата на власта

    05/04/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    СДСМ обвинува дека случајот со бизнисменот Миодраг Давидовиќ – Дака „целосно ја разоткрил вистината“ за, како што велат, бизнис релациите меѓу власта и приватни интереси во енергетскиот сектор.

    Од партијата тврдат дека претставници на власта, вклучително и Александар Николоски, јавно признале дека „сите услови се исполнети“, што, според нив, било образложение фирмата на Дака да биде ставена во годишниот план за енергетика.

    „Како е можно фирма на лице кое е на црната листа на САД да ги исполнува сите услови за работа со државата?“, прашуваат од СДСМ, додавајќи дека станува збор за „сериозен скандал“.

    Партијата тврди дека зад одлуката стојат, како што велат, „бизнис мрежи и интереси“ поврзани со премиерот Христијан Мицкоски, особено во енергетскиот сектор.

    Во соопштението се посочува и улогата на Сања Божиновска, за која СДСМ тврди дека била „главен оперативец во енергетиката“ и дека токму таа ја внела фирмата на Дака во Годишниот план за изградба на енергетски објекти за 2026 година.

    „Станува збор за сериозни индиции за организирана корупција на највисоко ниво – вистинска организирана криминална група која ја злоупотребува државата за приватни интереси“, велат од СДСМ.

    Опозициската СДСМ уште еднаш побара од Обвинителство да отвори истрага за случајот, да се истражи случајот до крај и да се разоткрие целата шема.

    Поврзани вести:

    ВМРО-ДПМНЕ предлага акциски план од 2,85 милиони денари за проблемот со кравите во Крива Паланка

    ВМРО-ДПМНЕ предлага акциски план од 2,85 милиони денари за проблемот со кравите во Крива Паланка

    СДСМ бара целосна истрага за случајот со Росица: Одговорноста не е само кај полицајците

    СДСМ бара целосна истрага за случајот со Росица: Одговорноста не е само кај полицајците

    Гаши ги укинува редовните паузи: Опозицијата ќе има два часа ефективни прашања

    Гаши ги укинува редовните паузи: Опозицијата ќе има два часа ефективни прашања

    Бојковска: Буџетот за 2027 е насочен кон економски раст, образование и подобар студентски стандард

    Бојковска: Буџетот за 2027 е насочен кон економски раст, образование и подобар студентски стандард

    Продолжува расправата за Буџетот за 2027: Над 300 амандмани, власта и опозицијата со спротивставени ставови

    Продолжува расправата за Буџетот за 2027: Над 300 амандмани, власта и опозицијата со спротивставени ставови

    Партијата на пензионери бара построги казни за корупција и целосна конфискација на имот

    Партијата на пензионери бара построги казни за корупција и целосна конфискација на имот

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    дака сдсм
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    ВМРО-ДПМНЕ предлага акциски план од 2,85 милиони денари за проблемот со кравите во Крива Паланка

    19/11/2026

    СДСМ бара целосна истрага за случајот со Росица: Одговорноста не е само кај полицајците

    19/11/2026

    Гаши ги укинува редовните паузи: Опозицијата ќе има два часа ефективни прашања

    16/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.