ЕУ ја суспендирала исплатата на средства од ИПАРД 3 програмата. Ова го тврдат од опозицискиот СДСМ од каде додаваат дека причината за ваквата одлука е корупција и злоупотреба на европски пари од страна на актуелната власт.
Според опозиционерите, Европската комисија ја донела одлуката за суспензија на програмата поради сомнежи за неправилности во работењето на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Од партијата потсетуваат дека директорот на Агенцијата, кој доаѓа од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, беше уапсен поради сомнежи за злоупотреба на средства.
Од ВМРО-ДПМНЕ веднаш ги негираа обвиинувањата дека Европската комисија ја прекинала програмата ИПАРД за поддршка на земјоделците.
„СДСМ лаже за да добие ситни политички поени”, велат од ВМРО-ДПМНЕ додавајки дека повеќе пати е потенцирано дека од страна на Европската Комисија е поздравена одлуката за привремен прекин на плаќањата. Институциите работат во разрешување на случајот. Веднаш по завршување на проверките и контролите, ќе се продолжи со реализација на ИПАРД III Програмата.
