Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Home » СДСМ бара локален референдум за отворањето на рудникот за антимон во кривопаланечко
    Економија

    СДСМ бара локален референдум за отворањето на рудникот за антимон во кривопаланечко

    19/04/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    СДСМ бара за отворање рудник за антимон во кривопаланечко Луке да има поширока јавна дебата и директно изјаснување на граѓаните преку локален референдум.

    Од опозициската партија посочуваат дека станува збор за сериозно прашање кое се однесува на тоа како државата одлучува за своите ресурси, за здравјето на граѓаните и за иднината на локалните заедници.
    „Особено што на пример, старото еколошко жариште Лојане со децении стои нерешено, а во исто време се најавува нов рудник за антимон“, се наведува во соопштението.

    СДСМ нагласува дека не е против инвестиции, но дека моделите не смеат да бидат насочени исклучиво кон профитот, со висок ризик по здравјето на граѓаните.
    „Не може да се зборува само за економска корист која не е сигурна. А при тоа никој да не зборува за загадувањето и опасноста по луѓето, за цената на загадена вода, за цената на заболени луѓе и за цената на уништено земјоделие. Тоа не се бројки во извештаи, тоа се последици кои траат со генерации“, велат од партијата.

    Оттаму додаваат дека доколку државата не може да го реши Лојане, „нема кредибилитет да отвора нови рудници“.

    СДСМ бара граѓаните да бидат вклучени во процесот на одлучување преку јавни расправи со реално влијание, локален референдум и учество на стручната и локалната јавност.

    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Ново намалување на цените на горивата најави Мицкоски

    19/04/2026

    Николоски: Македонските аеродроми – лидери во регионот по раст на бројот на патници

    19/04/2026

    Демографскиот аларм е вклучен: Се раѓаат се помалку деца, ситуацијата е загрижувачка, граѓаните бараат решенија

    19/04/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
      Прва Скопска ТВ
      Facebook Instagram YouTube
      • За нас
      • Импресум
      • Контакт
      • Програмска шема
      © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

      Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

      Исклучете AdBlock за пристап до вестите
      Исклучете AdBlock за пристап до вестите
      За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.