Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Свет»Русија и помага на Кина во подготовките за инвазија врз Тајван, објавија „Киев Индепендент“
    Свет

    Русија и помага на Кина во подготовките за инвазија врз Тајван, објавија „Киев Индепендент“

    27/09/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    „Киев индепендент“ објави дека Русија наводно се согласила да помогне во обука и опремување на кинеско воздухопловно-десантниот баталјон за евентуална инвазија врз Тајван во 2027 година.

    Весникот се повикува на протечените документи објавени на платформата Икс, од хакерската група „Црна месечина“ (Black Moon).

    – Врз основа на документи добиени од хакерската група „Црна месечина“, експерти од Кралскиот институт за одбранбени и безбедносни студии обезбедија фактичка анализа и прогноза за заканата што ја претставува руско-кинескиот проект, чија цел е подготовка на воздушен напад од страна на кинеската армија врз Тајван во 2027 година, објави „Киев индепендент“.

    Британскиот тинк тенк наведува дека Кина сè уште нема капацитети за воздушно маневрирање неопходни за инвазија врз Тајван, но Русија уште во 2023 година се согласила да ѝ обезбеди на кинеската армија оружје потребно за опремување на воздухопловно-десантниот баталјон, како и технологија за зголемување на домашното производство.

    Во договорите објавени од хакерите, Русија на Кина ќе и обезбеди 37 лесни амфибиски јуришни возила со автоматски топови, 11 лесни амфибиски противтенковски самоодни топови, 11 воздушно-оклопни транспортери и неодреден број на командни и набљудувачки возила.

    И „Вашингтон пост“ коментирајќи го протечените документи наведува дека „иако кинеската армија се смета за понапредна од руската во некои сегменти, Кремљ има воздушно-десантно борбено искуство, што му недостасува на Пекинг“.

    – Поради се поголемата изолација од Западот по целосната инвазија врз Украина, Русија се сврте кон Кина како клучен трговски партнер, што доведе и до зголемена воена соработка, посочува „Вашингтон пост“.

    Американскиот весник цитира и неименуван тајвански безбедносен претставник: „Воената соработка помеѓу Кина и Русија оди многу подалеку од она што е јавно признаено“.

    Иако Кина официјално тврди дека е неутрална во војната на Русија против Украина, таа индиректно ја поддржува Москва преку континуирана трговија и снабдување со стоки со двојна намена.

    Поврзани вести:

    Бугарски суд одобри европска потерница за двајца Германци осомничени за палење антени на „Старлинк“

    Бугарски суд одобри европска потерница за двајца Германци осомничени за палење антени на „Старлинк“

    Тринаесетгодишник со нож нападна наставник и ученик во училиште во Романија

    Тринаесетгодишник со нож нападна наставник и ученик во училиште во Романија

    Кремљ: Мировен договор не е можен без претставник од Киев подготвен да преземе одговорност

    Кремљ: Мировен договор не е можен без претставник од Киев подготвен да преземе одговорност

    Зеленски: Над 550.000 домаќинства останаа без струја по руските напади

    Зеленски: Над 550.000 домаќинства останаа без струја по руските напади

    Протестите во Албанија продолжуваат седми ден, демонстрантите бараат оставка од Рама

    Протестите во Албанија продолжуваат седми ден, демонстрантите бараат оставка од Рама

    Две жртви во катастрофалните поплави во Шпанија, војската на терен

    Две жртви во катастрофалните поплави во Шпанија, војската на терен

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Бугарски суд одобри европска потерница за двајца Германци осомничени за палење антени на „Старлинк“

    19/10/2026

    Тринаесетгодишник со нож нападна наставник и ученик во училиште во Романија

    19/10/2026

    Кремљ: Мировен договор не е можен без претставник од Киев подготвен да преземе одговорност

    19/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.