Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Дали сте слушнале
    • Интервју
      • Директно со
    Прва Скопска ТВ
    Home » Рударството станува стратешко прашање за безбедноста на Европа – Македонија сѐ уште бара баланс
    Економија

    Рударството станува стратешко прашање за безбедноста на Европа – Македонија сѐ уште бара баланс

    28/11/20254 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Она што некогаш се третираше само како „суровинска база“ за индустриски развој, денес во Европската унија е во сржта на економските и безбедносните политики. Рударството и преработувачките капацитети стануваат критично важни за постигнување на климатските цели, за дигиталната трансформација и за енергетската транзиција на членките. На десеттата Конференција за критични минерали, ЕУ најави нов повик за финансирање на рударски и преработувачки проекти, со порака дека „оној кој ќе обезбеди сигурен пристап до металите на енергетската транзиција, ќе ја осигура и својата индустриска и одбранбена иднина“.

    ЕУ под притисок од глобалните тензии и сопствената зависност

    Повикот следи во услови на растечки трговски и геополитички тензии меѓу САД и Кина, конкретно околу ретките минерали и суровини. Според Брисел, од снабдувањето со критични суровини зависи не само економската сигурност на Унијата, туку и нејзината воена и технолошка автономија. Со донесувањето на Законот за критични суровини, ЕУ постави амбициозни цели за диверзификација на снабдувањето, но се соочува со предизвици во реализацијата поради бавните процедури и недоволните инвестиции.

    Во анализата на Фајненшл тајмс објавена минатиот месец се предупредува дека Европа заостанува во создавање стоковни резерви на критични суровини, што ја прави ранлива на ценовни шокови и извозни контроли од големи производители како Кина. Во такви услови, стоковните резерви стануваат не само економска мерка, туку и клучно прашање на безбедност и стратешка автономија. Без нив, секоја турбуленција на пазарот може да резултира со индустриски застои, поскапувања и нови зависности од политичкиот контекст во трети држави.

    Каде е Македонија во големата европска слика?

    Македонија сѐ уште се движи со балансиран, но бавен пристап кон рударските политики. Сепак, формирањето на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) е јасен сигнал дека рударството почнува да се третира како дел од стратешките економски интереси на државата.

    Во Министерството се подготвуваат два нови системски закони — за геологија и за рударство — кои треба да го заменат постојниот Закон за минерални суровини. Новиот модел го става фокусот на рекултивацијата, на заштитата на животната средина и на конкретни придобивки за локалните заедници како неразделен дел од секој рударски проект.

    Ова доаѓа во период кога Европа паралелно ги промовира сопствените рударски капацитети, но ја засилува и регулативата. Шведска и Германија веќе одамна покажуваат дека современ рудник значи истовремено строги еколошки стандарди, целосна транспарентност и план за „живот после рудник“.

    Новата македонска регулатива: повисоки стандарди и поголеми приходи за општините

    Предлог-законите предвидуваат повисоки стандарди за заштита на животната средина во сите фази — истражување, експлоатација и преработка. Ќе се воведе обврска за санација и рекултивација на терените по завршување на експлоатацијата, како и можност за преработка на минералите од старите одлагалишта.

    Локалните заедници ќе добијат поголема улога во процесите на одлучување, а рударските компании ќе имаат нови обврски за поддршка на локалниот развој. Значаен дел од приходите од рударството ќе останува во општините каде што се врши експлоатацијата.

    Со новиот Тарифник што стапува во сила од 1 јануари 2025 година, уделот за општините од бакар, злато, олово и цинк се зголемува од 2% на 4% од пазарната вредност по тон метал во концентрат. МЕРМС веќе информираше за рекордни 931 милион денари наплатени концесиски надоместоци за деветте месеци од 2025 година.

    Осогово – домашниот потенцијал за критични суровини

    Осоговскиот масив и кратовско-злетовскиот руден појас со децении се сметаат за носечки во домашната руда и металургија. Рудникот „Злетово“ е традиционално класифициран како олово-цинков систем, но минералниот состав е многу поширок. Покрај олово и цинк, се среќаваат и сребро, германум, индум, кадмиум, бизмут, галиум и злато — елементи со растечка примена во фотоволтаици, полупроводници, батериски системи и специјални легури.

    Балканот во фокусот на ЕУ

    Европската унија сѐ повеќе гледа кон Балканот како потенцијален извор на критични метали, особено бакарот и сродните минерали, кои би можеле да станат дел од европските синџири на снабдување. Но, за ова да се случи, регионот мора да обезбеди стабилна регулатива, транспарентни процедури и еколошки стандарди споредливи со европските.

    ЕУ ќе бара појасни закони за тоа кои проекти се стратешки, јавни анализи на ризиците (еколошки, социјални, геополитички) и локално учество при одлучување — особено во региони како Осогово, каде рударството е длабоко поврзано со локалната економија.

    Од руда за извоз до модел на одржлив развој

    Ако досега рударството во Македонија се percipираше како индустрија што генерира извоз и буџетски приходи, неговата иднина е многу поширока. Новиот модел го поставува како активност што мора да се одвива во рамка на одржлив развој, со почитување на животната средина и фер третман на локалните заедници.

    Европската трка по критични суровини веќе е во тек — прашањето е колку брзо Македонија ќе се вклопи во новите стандарди и дали ќе успее да го искористи домашниот потенцијал во стратегиската трансформација што се одвива пред очи на целиот континент.

    Поврзани вести:

    Божиновска го свика првиот заеднички состанок на Управниот и Надзорниот одбор на МЕПСО

    Божиновска го свика првиот заеднички состанок на Управниот и Надзорниот одбор на МЕПСО

    Нова потенцијална инвестиција на германската компанија Heidelberger Postpress во ТИРЗ

    Нова потенцијална инвестиција на германската компанија Heidelberger Postpress во ТИРЗ

    Димитриеска-Кочоска домаќин на словачкиот колега Каменицки

    Димитриеска-Кочоска домаќин на словачкиот колега Каменицки

    До кога Антикорупциската комисија ќе биде само декор во борбата со корупцијата?

    До кога Антикорупциската комисија ќе биде само декор во борбата со корупцијата?

    Разговор со Тонев, главен инженер за безбедност во „Булмак 2016“:Во рудник секој влез почнува со обука за безбедност

    Разговор со Тонев, главен инженер за безбедност во „Булмак 2016“:Во рудник секој влез почнува со обука за безбедност

    Македонско-српски бизнис форум во Скопје

    Македонско-српски бизнис форум во Скопје

    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Божиновска го свика првиот заеднички состанок на Управниот и Надзорниот одбор на МЕПСО

    04/12/2025

    Нова потенцијална инвестиција на германската компанија Heidelberger Postpress во ТИРЗ

    04/12/2025

    Димитриеска-Кочоска домаќин на словачкиот колега Каменицки

    04/12/2025
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор

    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Jumbo Маркети
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2025 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.