Родителите на загинатите млади во пожарот во кочанската дискотека „Пулс” утрово на средба со директорот на Институтот за судска медицина ги побараа документите од обдукциите на своите деца.
Од директорот Александар Станков добија уверување дека се направени сите потребни токсиколошки анализи и се било предадено во Обвинителството и вештаци од Институтот јавно на судење ќе ги презентираат сите докази за тоа како и од што починаа жртвите во кочанската трагедија.
Во судницата во Идризово денеска продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс” кој избувна на 16 март минатата година во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
