Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Економија»Ревизија: Исплатени над 236 илјади евра социјална помош без исполнети услови
    Економија

    Ревизија: Исплатени над 236 илјади евра социјална помош без исполнети услови

    11/06/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Слабости во системските контроли, недоволна размена на податоци меѓу институциите и пропусти во проверките довеле до исплата на социјални права без целосно исполнување на законските услови, покажува ревизијата на Државен завод за ревизија.

    Според ревизорскиот извештај, само во текот на 2024 година биле утврдени најмалку 235 корисници кои истовремено користеле пензија и права од социјална заштита, при што биле исплатени околу 14,5 милиони денари, односно приближно 236 илјади евра.

    Ревизијата на тема „Исплата на права на парична помош од социјална заштита“ го опфатила периодот од 2022 година до јуни 2025 година и ги анализирала процесите на остварување, исплата и контрола на правата што се реализираат преку Министерството за социјална политика, демографија и млади.

    Од ДЗР посочуваат дека системот не е целосно усогласен со законската и подзаконската регулатива, а утврдени се и значајни слабости во нормативната рамка и во механизмите за контрола.

    Според наодите, од вкупно исплатените средства кај корисниците кои истовремено користеле пензија и социјална помош, 10,7 милиони денари биле исплатени на 190 корисници на гарантирана минимална помош, 426 илјади денари на пет корисници на траен надоместок и 3,3 милиони денари на 40 корисници на социјална сигурност за стари лица.

    Дополнително, ревизорите утврдиле дека 11 лица примале средства без да го исполнуваат законскиот старосен услов, при што биле исплатени уште 3,2 милиони денари или околу 52 илјади евра.

    Во извештајот се нотираат и пропусти во работата на центрите за социјална работа, меѓу кои недоволни теренски проверки, неспроведени или задоцнети преиспитувања на правата, како и нецелосна службена документација.

    Ревизорите предупредуваат и на недоволна координација со институциите задолжени за размена на податоци, што дополнително го зголемува ризикот од неправилни исплати.

    Во 2024 година за социјална заштита биле исплатени над 10 милијарди денари, односно околу 162 милиони евра, што претставува 15 проценти од вкупните расходи на ресорното министерство. Во системот просечно биле опфатени повеќе од 113 илјади корисници на различни права од социјална заштита.

    Државниот завод за ревизија препорачува подобрување на законската рамка, поефикасна размена на податоци меѓу институциите и зајакнување на контролите со цел да се намали ризикот од неосновани исплати и да се подобри функционирањето на системот за социјална заштита.

    Поврзани вести:

    РКЕ денес одлучува за новите цени на бензинот и дизелот

    РКЕ денес одлучува за новите цени на бензинот и дизелот

    УЈП почна проверки на приливите од странство за 2021 година

    УЈП почна проверки на приливите од странство за 2021 година

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    МЕПСО бара зголемување на тарифата за пренос на струја за речиси 98 проценти

    МЕПСО бара зголемување на тарифата за пренос на струја за речиси 98 проценти

    УЈП: Најмладиот милионер во Македонија има 4 години, најстариот 97

    УЈП: Најмладиот милионер во Македонија има 4 години, најстариот 97

    Македонија изложена на влијанијата од глобалните цени на храната и енергенсите

    Македонија изложена на влијанијата од глобалните цени на храната и енергенсите

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    РКЕ денес одлучува за новите цени на бензинот и дизелот

    26/10/2026

    УЈП почна проверки на приливите од странство за 2021 година

    24/10/2026

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    22/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.