Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Некатегоризирано»Ретка чапја гнезди кај Дојран: Големиот воден бик симбол на здрав екосистем
    Некатегоризирано

    Ретка чапја гнезди кај Дојран: Големиот воден бик симбол на здрав екосистем

    19/02/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Само десет гнездечки парови од реткиот вид чапја, познат како голем воден бик (Botaurus stellaris), се регистрирани во државава, а неколку од нив се наоѓаат токму на подрачјето на Дојранско Езеро.

    Проценката за гнездечката популација ја даваат еколозите од Македонско еколошко друштво (МЕД), кои се дел од проектот „Заштита на медитеранските влажни зони“, финансиран од Француска агенција за развој. Проектот има за цел подобро познавање на биолошката разновидност на Споменикот на природата Дојранско Езеро и унапредување на управувањето со ова значајно заштитено подрачје.

    – Големиот воден бик е крупна, таинствена мочуришна птица од семејството на чапјите, силно поврзана со езера, бари и влажни подрачја со обемни појаси од трска. Има перје во земјени тонови и навика да мирува скриена меѓу трските, така што лесно се претопува со околината и ретко се забележува. Најчесто е активна во зори и самрак, кога тивко се движи низ трската во потрага по риби, водоземци и безрбетници. Забележувањето на големиот воден бик во околината на Дојранското Езеро е посебно природно доживување и јасен знак за зачувани и функционални водни екосистеми, се наведува во објавата на МЕД.

    Во рамките на проектот „Заштита и ревитализација на медитеранските влажни зони – PROZHUM“, Македонското еколошко друштво минатата година организираше едукативен камп во Дојран, каде што средношколци од Богданци и Гевгелија преку теренска настава се запознаваа со биодиверзитетот и значењето на заштитата на езерото.

    Поврзани вести:

    Промовирана ЕкоСкопје – паметна еко-платформа создадена од млади за пријавување еколошки проблеми

    Промовирана ЕкоСкопје – паметна еко-платформа создадена од млади за пријавување еколошки проблеми

    Македонија реагира: Изјавите на бугарски функционери се навредливи и провокативни

    Македонија реагира: Изјавите на бугарски функционери се навредливи и провокативни

    Запленети осум тони небезбедна храна, АХВ најавува двојно повисоки казни за прекршителите

    Запленети осум тони небезбедна храна, АХВ најавува двојно повисоки казни за прекршителите

    Ви пишува, па исчезнува? Експертите предупредуваат на феноменот „breadcrumbing“

    Ви пишува, па исчезнува? Експертите предупредуваат на феноменот „breadcrumbing“

    Тензии во Тирана: Продолжија судирите меѓу демонстрантите и полицијата, има приведени

    Тензии во Тирана: Продолжија судирите меѓу демонстрантите и полицијата, има приведени

    Ѓорѓиевски објави фотографија со Мицкоски: Работиме и за празник

    Ѓорѓиевски објави фотографија со Мицкоски: Работиме и за празник

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Промовирана ЕкоСкопје – паметна еко-платформа создадена од млади за пријавување еколошки проблеми

    20/10/2026

    Македонија реагира: Изјавите на бугарски функционери се навредливи и провокативни

    19/10/2026

    Запленети осум тони небезбедна храна, АХВ најавува двојно повисоки казни за прекршителите

    16/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.