Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Економија»Рекордни приходи од концесии: За девет месеци наплатени 931 милиони денари надоместоци за експлоатација на минерални суровини
    Економија

    Рекордни приходи од концесии: За девет месеци наплатени 931 милиони денари надоместоци за експлоатација на минерални суровини

    26/11/20253 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини информира дека наплатата на надоместоците за експлоатација на минерални суровини во третиот квартал од 2025 година достигна рекордни 384.166.062,00 денари. Ова претставува зголемување за повеќе од два и пол пативо однос на истиот период во 2024 година, кога беа наплатени 147.703.963,00 денари денари.

    Овој успех следи по исклучителните резултати од првиот квартал од 2025 година, кога беа наплатени 260.327.223,00 денари, во споредба со 110.576.324 денариво првиот квартал од 2024 година и вториот квартал од 2025 година наплатени беа 286,355,517.00 денари, а истиот период во 2024 година, кога беа наплатени 133 576 534 денари.

    Збирно, за деветте месеци од 2025 година, Министерството оствари наплата од над 931.000.000 денари, што е историски успех во управувањето со природните ресурси и претставува зголемување за два и пол пати во однос на истиот период во 2024 година

    Министерството очекува оваа бројка да расте со оглед на фактот дека се испратени опомени до концесионерите што се ште не ја регулирале обврската да го сторат тоа во рокот во спротивно ризикуваат со раскин на договори за оние кои не ги почитуваат законите. Владата на предлог на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини во изминатиот период има донесено вкупно 46 одлуки за едностран раскин на Договорот за концесија за експлоатација на минерална суровина а дел од нив се поради неплаќање на концесискиот надоместок согласно утврдениот Тарифник.

    Овие резултати се директна последица на посветените активности на Министерството за подобрување на наплатата и зајакнување на контролата врз обврските на концесионерите, вклучувајќи:

    Засилени инспекциски контроли: Редовни и вонредни теренски проверки за обезбедување усогласеност со законските обврски.
    Писмени опомени и санкции: Испратени се предупредувања до концесионерите за навремено подмирување на обврските, со едностран раскин на договори за оние кои не ги почитуваат законите.
    Нов Тарифник од 1 јануари 2025: Воведен е нов Тарифник кој ја зголеми висината на надоместоците до 100%, обезбедувајќи правична вредност за користење на природните ресурси. Овие измени не се однесуваат на енергетските минерални суровини, како јагленот, со цел да се заштитат граѓаните од дополнителен притисок врз цените на електричната енергија.

    Зголемената наплата директно придонесува за зголемување на буџетите на општините каде работат концесионерите, како и на државниот буџет. Овие средства се инвестираат во:

    ·Поголеми буџети за општините,

    ·Инвестиции во комунална инфраструктура,

    ·Проекти за енергетска транзиција и одржлив развој.

    ·Проекти за заштита на животната средина.

    Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини останува посветено на воспоставување на највисоки стандарди за транспарентно и фер управување со природните ресурси. Овие резултати се доказ за нашата определба да ги зајакнеме економските придобивки од експлоатацијата на минералните суровини, истовремено обезбедувајќи одржлив развој и поддршка за локалните заедници.

    Поврзани вести:

    РКЕ денес одлучува за новите цени на бензинот и дизелот

    РКЕ денес одлучува за новите цени на бензинот и дизелот

    УЈП почна проверки на приливите од странство за 2021 година

    УЈП почна проверки на приливите од странство за 2021 година

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    МЕПСО бара зголемување на тарифата за пренос на струја за речиси 98 проценти

    МЕПСО бара зголемување на тарифата за пренос на струја за речиси 98 проценти

    УЈП: Најмладиот милионер во Македонија има 4 години, најстариот 97

    УЈП: Најмладиот милионер во Македонија има 4 години, најстариот 97

    Македонија изложена на влијанијата од глобалните цени на храната и енергенсите

    Македонија изложена на влијанијата од глобалните цени на храната и енергенсите

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    РКЕ денес одлучува за новите цени на бензинот и дизелот

    26/10/2026

    УЈП почна проверки на приливите од странство за 2021 година

    24/10/2026

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    22/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.