Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Разбиена криминална група за криумчарење, одземени над 100.000 евра
    Република

    Разбиена криминална група за криумчарење, одземени над 100.000 евра

    22/09/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Полицијата, под раководство на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, спроведе обемна акција против организирана криминална група осомничена за криумчарење стоки, коруптивни кривични дела и нелегална трговија со лекови и суплементи.

    Во акцијата, реализирана на 21 септември, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, во координација со Единицата за брзо распоредување, извршиле претреси на повеќе локации во Скопје, Тетово и Гевгелија.

    При акцијата биле приведени шест лица, а при претресите биле пронајдени и одземени повеќе од 100.000 евра во готовина, 16 плочки со златна боја, цигари и тутун без акцизни маркички, голема количина лекови и суплементи за кои постои сомнение дека биле нелегално внесени во државата, како и мобилни телефони и други предмети поврзани со истрагата.

    До Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција е поднесена кривична пријава против осум лица од Тетово, Скопје, Гевгелија и Турција. Тие се осомничени за повеќе кривични дела, меѓу кои криумчарење, прикривање стоки што се предмет на криумчарење, избегнување плаќање акциза, примање и давање поткуп, производство и пуштање во промет штетни средства за лекување, како и перење пари.

    Според истрагата, во периодот од 2024 до 2026 година, првоосомничениот организирал мрежа за нелегално внесување, складирање и продажба на акцизна стока, пред сè цигари и тутун. Во криминалната шема, како што наведуваат истражните органи, бил вклучен и царински службеник кој, за примање поткуп, овозможувал непречен премин на стоката преку царинската линија без пријавување и без плаќање на законските давачки.

    Во рамки на истите активности нелегално биле внесувани и лекови и суплементи, кои потоа биле продавани без потребните дозволи, упатства и рецепти, со што, според надлежните, било загрозено здравјето на граѓаните.

    Истрагата покажала дека со ваквото незаконско работење е предизвикана значителна штета на државниот буџет преку избегнување плаќање царински давачки, акциза и данок на додадена вредност, додека надлежните институции продолжуваат со преземање дополнителни мерки за целосно расчистување на случајот.

    Поврзани вести:

    Мобилни камери и контроли на сообраќајните црни точки низ државата

    Мобилни камери и контроли на сообраќајните црни точки низ државата

    Собраниската Комисија за одбрана ја усвои Предлог-резолуцијата за миграциската политика на Македонија

    Собраниската Комисија за одбрана ја усвои Предлог-резолуцијата за миграциската политика на Македонија

    Дигитална инклузија: Бесплатен интернет обезбеден во 64 општини, бенефит за 200.000 корисници

    Дигитална инклузија: Бесплатен интернет обезбеден во 64 општини, бенефит за 200.000 корисници

    Проштална средба на Тошковски со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје

    Проштална средба на Тошковски со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје

    Сиљановска-Давкова на Парискиот мировен форум, ќе говори за суверенитетот и хибридните закани

    Сиљановска-Давкова на Парискиот мировен форум, ќе говори за суверенитетот и хибридните закани

    Променливо облачно и релативно топло, од недела следува заладување

    Променливо облачно и релативно топло, од недела следува заладување

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Мобилни камери и контроли на сообраќајните црни точки низ државата

    10/11/2026

    Собраниската Комисија за одбрана ја усвои Предлог-резолуцијата за миграциската политика на Македонија

    10/11/2026

    Дигитална инклузија: Бесплатен интернет обезбеден во 64 општини, бенефит за 200.000 корисници

    10/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.