Европските институции и земјите членки на Европската Унија го поддржуваат дијалогот што во моментот се води во врска со отворените прашања меѓу Скопје и Софија – истакна денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски и додаде дека македонските позиции се јасни и принципиелни.
Тој на прес конференција со швајцарскиот министер за надворешни работи и претседавач со ОБСЕ, Ињацио Касис, повтори дека позициите на македонската страна се јасни и принципиелни и дека сите разговори што се водат во моментов, како и оние во изминатите две години, се засноваат на ставови што јасно им биле претставени на европските партнери.
Муцунски во денешниот одговор не прецизираше колку би траел дијалогот, ниту дали во рамки на разговорите се очекуваат конкретни рокови, туку повторно ги истакна поддршката од европските партнери и принципиелните позиции на македонската страна.
