Во петок премиерно ќе биде изведена претставата „Садако сака да живее”, во Театарот за деца и младинци – Скопје со почеток во 19 часот. Претставата е во режија и драматизација на Тамара Кучиновиќ од Хрватска, работена според романот на Карл Брукнер. Делото е инспирирано од вистинската приказна за Садако Сасаки, девојчето од Хирошима кое по трагедијата со атомската бомба стана симбол на мирот, надежта и волјата за живот. Во главната улога настапува Анастасија Ласовска.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
