Денеска на пленарна седница, пратениците ќе започнат дебата по Предлог-буџетот за 2026 година. Новиот буџет предвидува раст на БДП од 3,8 проценти, инфлација од околу 2,5 проценти во услови на стабилни цени на меѓународните пазари, раст на приватната потрошувачка на 2,6 проценти и на јавната потрошувачка од 1,4 проценти. Буџетскиот дефицит е проектиран во апсолутен износ од 39,2 милијарди денари или на ниво од 3,5% од планираниот БДП.
Вкупните приходи се планирани на ниво од 374,9 милијарди денари, а расходите на ниво од 414,2 милијарди денари. Расходите за исплата на плати изнесуваат 52,6 милијарди денари, што е за околу три милијарди денари повеќе од 2025 година, а расходите за стоки и услуги се планирани на 27,9 милијарди денари. За исплата на пензии обезбедени се 116,8 милијарди денари, а 12 милјарди денари за исплата на надоместоци за социјална заштита.
