Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Во Македонија пристигнаа 400.000 вакцини против овчи сипаници, почнува итна имунизација на добитокот
    Република

    Во Македонија пристигнаа 400.000 вакцини против овчи сипаници, почнува итна имунизација на добитокот

    04/11/20261 Min Прочитај
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    По повеќемесечните реакции на сточарите и предупредувањата за ширење на овчите сипаници, во Македонија пристигна првата поголема количина вакцини против оваа болест кај овците и козите.

    Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) информира дека вчера, 3 ноември, на Меѓународниот аеродром Скопје пристигнале 400.000 дози вакцини од Турција.

    Од АХВ соопштија дека веднаш започнува спроведувањето на итната вакцинација на целата територија на државата, согласно Планот за итна вакцинација кој е одобрен од Европската Унија.

    Сточарите во изминатиот период повеќепати алармираа за последиците од појавата и ширењето на болеста, како и за потребата од навремена набавка на вакцини. Поради состојбата беа организирани и протести со барања за побрза реакција од надлежните институции.

    „Здравјето на животните и заштитата на сточниот фонд остануваат наш врвен приоритет. Продолжуваме со конкретни мерки и активности во интерес на сточарите и македонското сточарство“, наведуваат од АХВ.

    Со започнувањето на вакцинацијата се очекува да се намали ризикот од понатамошно ширење на болеста и да се обезбеди поголема заштита на сточниот фонд во земјава.

    Поврзани вести:

    АЛТА банка во Битола почнува исплата на средства за граѓаните без платежни картички

    АЛТА банка во Битола почнува исплата на средства за граѓаните без платежни картички

    Облачно и посвежо време, од викендот утрински температури под нулата

    Облачно и посвежо време, од викендот утрински температури под нулата

    Перпарим Бајрами излегува од притвор, дадена гаранција од над 1,1 милион евра во предметот „Лотарија“

    Перпарим Бајрами излегува од притвор, дадена гаранција од над 1,1 милион евра во предметот „Лотарија“

    АВМУ: Новинарката на Алфа постапувала професионално во емисијата со Богојески

    АВМУ: Новинарката на Алфа постапувала професионално во емисијата со Богојески

    Родителите на загинатите во „Пулс“ реагираат на барањето на адвокатот Шилегов за преиспитување на обвинението

    Родителите на загинатите во „Пулс“ реагираат на барањето на адвокатот Шилегов за преиспитување на обвинението

    Хаџи Василева: Правните мислења на одбраната во случајот Ристов немаат доказна вредност

    Хаџи Василева: Правните мислења на одбраната во случајот Ристов немаат доказна вредност

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    АЛТА банка во Битола почнува исплата на средства за граѓаните без платежни картички

    04/11/2026

    Облачно и посвежо време, од викендот утрински температури под нулата

    04/11/2026

    Перпарим Бајрами излегува од притвор, дадена гаранција од над 1,1 милион евра во предметот „Лотарија“

    03/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.