Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Политика»(Видео) Пожарот кај Блаце не стивнува, од општина Чучер Сандево бараат прогласување вонредна состојба!
    Политика

    (Видео) Пожарот кај Блаце не стивнува, од општина Чучер Сандево бараат прогласување вонредна состојба!

    07/07/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    „Пожарот кај Блаце на територија на Чучер Сандево, и покрај интервенциите од воздух, за жал сè уште е надвор од контрола“, само што соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
    Од таму информираа дека во текот на денешниот ден, на терен биле со сите расположливи сили и средства — општински служби, физички и правни лица, како и екипи од БППЗ, ДЗС, МВР и ЦУК.
    „Сите капацитети се ангажирани, но условите на теренот се исклучително тешки. Голема е вознемиреноста кај населението, бидејќи чадот се проширува низ целата општина и селата Чучер, Мирковци, Глуво, Бразда, сè до Бутел.
    Истовремено, регистриран е и нов пожар во атарот на село Кучевиште, кој зафаќа голема површина и се наоѓа во близина на куќи.
    Во раните утрински часови беше пружена воздухопловна поддршка со три летала, а попладнето со уште еден воздухоплов. Поради временските услови, се очекува пожарот во текот на ноќта делумно да се стиши, што би овозможило поефикасно дејствување на теренот утре.
    За утре е планирано акциите да започнат уште во 5:00 часот, со ангажирање на сите институционални и општински сили на целата зафатена површина, со поддршка од два воздухоплова на МВР. Во вечерните часови, екипите ќе останат на терен и ќе интервенираат согласно приоритетите и потребите“, стои во соопштението на ЦУК
    А реагираа и од општина Чучер Сандево. Поради сериозноста на ситуацијата, градоначалникот на Општината, Сашко Комненовиќ, побара од Владата да прогласи вонредна состојба. Оваа одлука е донесена по состанокот на општинскиот кризен штаб.


    Поврзани вести:

    СДСМ ја одби платформата „12:05“: Ги обвини иницијаторите за обид за слабеење на опозицијата

    СДСМ ја одби платформата „12:05“: Ги обвини иницијаторите за обид за слабеење на опозицијата

    Мицкоски и Јаневска ќе го пуштат во употреба реконструираниот дом „Стив Наумов“

    Мицкоски и Јаневска ќе го пуштат во употреба реконструираниот дом „Стив Наумов“

    Мицкоски најави нов бран кадровски промени во Владата

    Мицкоски најави нов бран кадровски промени во Владата

    Мицкоски: Економијата расте, резултатите треба да ги почувствуваат граѓаните

    Мицкоски: Економијата расте, резултатите треба да ги почувствуваат граѓаните

    ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не успеа да го направи СДС опозиција

    ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не успеа да го направи СДС опозиција

    СДСМ со критики до Мицкоски: Ја понижи државата со изјавата дека Македонија треба да стане сериозна

    СДСМ со критики до Мицкоски: Ја понижи државата со изјавата дека Македонија треба да стане сериозна

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    блаце пожар цук чучер сандево
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Двајца мажи загинаа во пожар во близина на Белград

    03/10/2026

    „Бела ноќ“ во Скопје: Бесплатен превоз и влез во Зоолошката градина, најави Ѓорѓиевски

    02/10/2026

    СДСМ ја одби платформата „12:05“: Ги обвини иницијаторите за обид за слабеење на опозицијата

    02/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.