„Постојат индиции дека пожарот кој што во неделата изби покрај магистралниот пат Скопје-Блаце да е подметнат“, ова денеска го изјави директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов. Според првиот човек на ДЗС на местото на избувнувањето на пожарот линијата на оганот била многу широка, за да може да се појави од фрлен отпушок од цигара.
Директорот на ДЗС демантираше дека во текот на вчерашниот ден, некои манастири или цркви биле во опасност од пожарот. Исто така, информира Ангелов, не е точна веста дека изгореле куќи во Чучер Сандево.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:







