Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Култура»Повеќе од игра на Белградскиот драмски театар вечерва на РУТА во Драмски
    Култура

    Повеќе од игра на Белградскиот драмски театар вечерва на РУТА во Драмски

    28/10/20253 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    „Повеќе од игра“ е претстава со која вечерва гостува Београдско драмско позориште.
    Претставата е адаптација на сценариото на Слободан Стојановиќ работено за истоимената култна телевизиска серија во бившата држава. Режисер е Иван Вуковиќ. Адаптацијата ја направил Ѓорѓе Косиќ, сценографијата Марија Калабиќ. Костимограф на претставата е Драгица Лаушевиќ. Композитор на музиката е Ирена Поповиќ-Драговиќ, а на сценските движења работеше Маја Калафатиќ. Со актерската екипа за сценскиот говор работеше Ѓорѓе Марковиќ.
    Во четитите часа колку што трае вечерашнава претстава, на сцената ќе играат 23 актери и тројца музичари. Во овој сценски спектакл улогите им се доверени на актерите: Миодраг Радоњиќ, Јана Бјелица, Милан Чучиловиќ, Милорад Дамјановиќ, Андреј Шепетковски, Милан Колак, Љубомир Булајиќ, Даниел Сич, Иван Зариќ, Стефан Радоњиќ, Александар Алач, Риста Милутиновиќ, Арсеније Арсиќ, Александар Јовановиќ, Никола Мијатовиќ, Јана Милосављевиќ, Јово Максиќ, Стефан Старчевиќ, Бојана Стојковиќ, Ања Јосифовски, Ања Ќурчиќ, Вукашин Јовановиќ и Љубинка Клариќ. Музичари во претставата се: Иван Мирковиќ (хармоника);
    Никола Драговиќ (виолина); Александар Јован Крстиќ (саксофон).
    Во театарската белешка за оваа претстава работена по сценариото на Слободан Стојановиќ, за него и неговото сценарио Ѓорѓе Косиќ , правејќи ја адаптација за претставата „Повеќе од игра“ пушува дека: „Слободан Стојановиќ ја поседува авторската дарба за креирање на нагласено живописни целосни ликови. Секој негов јунак, дури и оние кои лесно би ги именувале како здодевни чиновници или сурови полицајци, ја добиваат човечката димензија и стануваат блиски и разбирливи. Ваквиот пристап е препознатлив за Стојановиќ. Тоа е белег на целиот негов сценаристички опус во 70тите и 80те години од минатиот век, кога пишуваше сценарија за едни од најгледаните телевизиски серии во поранешна Југославија. Тој умееше своето имагинарно мало градче, што го нарече „Градина“, во серијата „Повеќе од игра“, да ни го претстави како вистинска заедница на сожители, место во кое – наспроти сите разлики и судири – сограѓаните остануваат меѓусебно поврзани и емпатични. Авторовата поетика, атипична за овие простори е исчистена од цинизмот и од иронијата, додека хуморот произлегува од апсурдот на секојдневните случки, кои секако не ја исклучуваат убавината на животот во малите градчиња“.
    Режисерот Иван Вуковиќ на денешната прес конференција истакна дека: „Претставата  ‘Повеќе од игра’ е исклучителен драматуршки предизвик, имајќи го предвид и нејзиниот длабок траг во филмската и во популарната култура на нашиот простор. Беше нужно оригиналното сценарио внимателно да се преобликува во три засебни претстави кои можат да функционираат сосема независно, ама и да создаваат обмислена целина, кога се гледаат заедно. Во текот на адаптацијата, настојувавме да ја дочуваме поетиката на Стојановиќ. Има места кои нужно требаше да се допишат и ние како автори ги аплициравме сегментите од неговиот опус – на пример, во дефинирање на женските ликови или во третиот дел од претставата, втемелен врз недовршеното сценарио на Стојановиќ“.
    Режисерот Вуковиќ истакна дека процесот на создавање на претставата бил исклучително возбудлив поради фактот што за прв пат експериментирал со режирање по сценарио од телевизиска серија и испириран од ентузијазмот на актерската игра на ансамблот што бил во иста линија на неговото режисерско видување, создале „претстава во три продолжетоци“.
    Вечерва на фестивалот РУТА во Драмски театар публиката ќе може да ужива во компресираната верзија на претстава која како целина ќе биде заокружена на 4 часа играње со пауза.

    Поврзани вести:

    Скопскиот градски фестивал од 18 до 26 септември со уметници од шест земји

    Скопскиот градски фестивал од 18 до 26 септември со уметници од шест земји

    Националниот џез оркестар ја отвора новата сезона со добитниците на Греми Ден Пјугач и Никол Зураитис

    Националниот џез оркестар ја отвора новата сезона со добитниците на Греми Ден Пјугач и Никол Зураитис

    Во Скопје започнаа „Денови на филигран“ – промоција на традиционалниот занает и рачната изработка

    Во Скопје започнаа „Денови на филигран“ – промоција на традиционалниот занает и рачната изработка

    „Као Какао“ ја отвора новата театарска сезона во МНТ со две претстави на 10 и 11 септември

    „Као Какао“ ја отвора новата театарска сезона во МНТ со две претстави на 10 и 11 септември

    Над 15.000 посетители на AERO Street Food Festival, завршницата носи нови музички настапи

    Над 15.000 посетители на AERO Street Food Festival, завршницата носи нови музички настапи

    На денешен ден во 1962 година започнаа Струшките вечери на поезијата

    На денешен ден во 1962 година започнаа Струшките вечери на поезијата

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    белградски драмски театар повеќе од игра рута
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Скопскиот градски фестивал од 18 до 26 септември со уметници од шест земји

    12/09/2026

    Националниот џез оркестар ја отвора новата сезона со добитниците на Греми Ден Пјугач и Никол Зураитис

    12/09/2026

    Во Скопје започнаа „Денови на филигран“ – промоција на традиционалниот занает и рачната изработка

    11/09/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.