Во реката Уна кај хрватскиот град Росуље утрово се превртел чамец во кој имало повеќе луѓе. Полициските службеници и припадниците на Хрватската крајбрежна стража веднаш притекнале во помош. Пронајдени се едно живо машко лице и едно безживотно машко тело. Интензивно се трага по исчезнатите. Од полициската управа во Сисак потврдија дека станува збор за мигранти.

