Во рамките на фестивалот „Охридско лето“, вечерва во 21 часот во црквата „Света Софија“ ќе се одржи концертот „Последна роза на летото“ (Last Rose of Summer). Пред охридската публика ќе настапат флејтистката Јохана Кезеи, виолинистот Дејвид Тобин и пијанистот Фингин Колинс, тројца истакнати европски уметници со успешни меѓународни кариери.
На програмата се дела од Едвард Елгар, Карл Рајнеке, Џон Филд, Петар Илич Чајковски и Вилијам Винсент Волас. Уметниците зад себе имаат настапи во престижни концертни сали и соработки со реномирани оркестри
ширум Европа и светот, меѓу кои и настапи во „Карнеги Хол“ во Њујорк.
Концертот е дел од богатата музичка програма на годинашното издание на фестивалот „Охридско лето“.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
